Дома Фудбал Германија Емре Џан ја избра Борусија, договорена цената на трансферот

Емре Џан ја избра Борусија, договорена цената на трансферот

Очигледно дека Емре Џан направи голема грешка кога одлучи да го напушти Ливерпул и да премине во Јувентус.

26-годишниот играч од средниот ред имаше силна желба да игра за Старата дама, но е маргинализиран скоро од самото доаѓање на Алијанц.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради ова, со месеци се шпекулира за неговиот трансфер, а и самиот Џан отворено зборуваше за своето незадоволство во Јувентус.

Оваа зима се шпекулира дека Емре Кан ќе ја продолжи кариерата во Борусија Дортмунд, а сега голем број италијански медиуми пишуваат дека трансферот е на чекор до реализација.

Според Sky Sporta, Sportitaliа, Calciomercato.com и многу други, Борусија првата понуда од 18 милиони сега ја зголеми на 22, но и тоа не е доволно.

Сепак, двата клуба конечно постигнале договор, а тоа е сума од 25 милиони евра, вклучувајќи и бонуси.

Меѓутоа, можно е Џан прво да замине на позајмица со опција за откуп на договорот по крајот на сезоната.

Емре Џан одигра вкупно 45 натпревари за Јуве, постигна 4 погодоци и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Гвардиола: Во кој било друг спорт ние ќе победевме

По ПСЖ и Борусија Дортмунд, во полуфиналето на Лигата на шампионите се пласираа и Реал Мад…