Дома Фудбал Италија Трансферите на Бонучи и Биглија комплетирани – ќе играат против Шкендија!

Трансферите на Бонучи и Биглија комплетирани – ќе играат против Шкендија!

Италијанските медиуми вчера пренесоа дека трансферите на Бонучи и Биглија сеуште не се комплетирани поради наводни проблеми со банкарски гаранции, па поради тоа немаа право да играат против Крајова во Лига Европа.

Сепак, денес фудбалскиот клуб Милан официјално потврди дека нема никакви проблеми, трансферите се комплетирани и двајцата фудбалери ќе му бидат на располагање на тренерот Монтела за следниот меч.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Милан денес во жребот за Лига Европа го доби македонскиот претставник Шкендија, па Бонучи и Биглија сигурно ќе играат во Скопје.

Во првиот меч од квалификациите против Крајова Бонучи и Биглија немаа право да играат бидејќи тогаш нивните трансфери сеуште не беа регистрирани во УЕФА.

Сеуште не е јасно кога ќе се игра мечот помеѓу Шкендија и Милан, со оглед на фактот што и Вардар треба на истиот стадион да го игра мечот против Фенербахче.

Поради тоа можно е првиот натпревар да се игра на „Сан Сиро“ (17. август), а реваншот во Скопје на 24. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле се извини, Луис Енрике го врати во тимот

Осман Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ и викендов повторно ќе биде дел од тимот, отка…