Македонската ракометна репрезентација денес го игра првиот натпревар на ракометниот Мундијал во Германија и Данска.
Во првиот дуел денес во Минхен денес Македонија ќе ги одмери силите со Јапонија, а доколку се гледа традицијата тогаш „црвено – жолтите“ би требало да стартуваат со победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На досегашните пет Светски првенства на кои настапувале нашите ракометари дури четири пати стартувале со победа.
На три од петте дуели противник ни беше селекцијата на Тунис, од која и го имаме претрпено единствениот пораз во Вараждин 2009 година.
СП 1999 Египет (Каиро): Македонија – Саудиска Арабија 28:21
СП 2009 Хрватска (Вараждин): Македонија – Тунис 24:25
СП 2013 Шпанија (Севиља): Македонија – Чиле 30:28
СП 2015 Катар (Доха): Македонија – Тунис 33:25
СП 2017 Франција (Мец): Македонија – Тунис 34:30