Дома Луд Спорт Трагедија: Капитен и тренер на босански клуб загинаа во сообраќајка

Трагедија: Капитен и тренер на босански клуб загинаа во сообраќајка

Фудбалер и тренер на фудбалскиот клуб Слога од Босна и Херцеговина загинале во тешка сообраќајка, а уште тројца фудбалери се повредени.

На официјалната страна на екипата беше објавено дека во сообраќајката загинале капитенот Неџад Мујагиќ и помошник-тренерот Аднан Фајиќ.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Според информациите, тие биле во автомобил кој излетал од пат и паднал во река, при што Мујагиќ и Фајиќ се удавиле, додека останатите тројца успеале да се спасат.

„Слога“ е клуб кој оваа сезона се натпреварува во втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина и е еден од најстарите клубови во БиХ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Откриено кој е виновен за скандалот со секс звуците на ждребот од ЕП🎥

На вчерашниот ждреб за ЕП додека се извлекуваа репрезентациите на Србија, Швајцарија и Ита…