Поранешниот младински репрезентативец Давид Тошевски во овој момент е на проба во романската Универзитатеа Крајова.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Некогашниот голем талент во македонскиот фудбал кој за 900.000 евра направи трансфер од Работнички во Ростов не успеа да ги оправда очекувањата.




Во изминататите години Ростов постојано го испраќаше на позајмици, а никаде не успеа да забележи поголем успех. Сега тој е на проба во Романија во тимот на Крајова.




„Повеќе време ќе ни треба да одлучиме дали ќе го ангажираме Тошевски. Треба да видиме дали може да биде корисен за првенството.




Не ме интересира кој постигнува голови на пријателските натпревари, туку колку фудбалерите можат да бидат корисни во првенството. Ќе имаме и други фудбалери на проба, па ќе одлучиме“, изјави тренерот на Крајова Ласло Блинт.