Македонската ракометна репрезентација со победа против Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство и го поправи впечатокот од првите два меча.
Во отсуство на повредениот Никола Митревски, Мартин Томовски доби шанса од првата минута и беше еден од најзаслужните за победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не би се нарекол јас херој, туку тимот. Пресреќен сум за победата. Против лошите настапи во првите две кола променивме некои работи и покажавме дека кога е најпотребно можеме да одиграме на ниво. Заслужено се радувавме на оваа победа. Му посакувам брзо закрепнување на Никола Митревски и мислам дека ние на најдобар начин му се оддолживме денеска“, изјави Томовски.
„Чувството е прекрасно. Како тим, колектив собравме сила, променивме некои работи, бевме поефикасни во нападот, одбраната беше на ниво. Честитки до колегите за оваа победа која е од големо значење по поразите од Франција и Германија, се издигнавме и покажавме нешто поразлично“, додаде голманот.