Дома Македонски спорт Мак баскет Тодоров: Македонија има одлична репрезентација, нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство

Тодоров: Македонија има одлична репрезентација, нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство

Денес прес-конференција во „СЦ Борис Трајковски“ одржаа селекторот Тодоров и претседателот Перо Антиќ.

Селеторот даде едно свое видување на случувањата во изминатиот период, односно завршениот квалификациски циклус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Чувствата се измешани, неуспеавме да се пласираме на Европското првенство, но има и причина за задоволство. Посебно од аспект на доведување на нови лица во репрезентацијата, како и начинот на кој игравме на двата натпревари против Италија и оној против Естонија“.

„Нема што да се прави, продолжуваме понатаму. Јас сум оптимист затоа што во иднина сите кошаркари кои сега имаат 17-18 години ќе бидат поискусни и верувам дека со помошта на поискусните играчи Македонија нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство. Репрезентацијата горе-долу е таа“, изјави Тодоров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…