Српската спортска јавност во овој момент живее за фудбалот и сите се надеваат дека оваа репрезентација може да го победи Бразил во последното коло и така да избори пласман во 1/8 финалето, иако сите знаат дека тоа е пеколно тешка задача.
Србија би можела и со реми против Бразил да оди 1/8 финалето, но во тој случај Костарика која е веќе елиминирана би требало да слави против Швајцарија со два гола разлика.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Српските фудбалери пред одлучувачкиот натпревар добија порака која сигурно ќе придонесе силно да бидат мотивирани.
Едно мало момче испрати иста порака до секој играч – „Победи“.
Тоа го направи толку добро што голманот на српската репрезентација, Владимир Стојковиќ го објави на својот Инстаграм профил и му одговори:
„Ќе победиме мали, ти се колнам“!