Со продажбата на Мохамед Симакан во Ал-Наср за 42 милиони евра германскиот Лајпциг доби дополнителен приход во одлично одработениот преоден рок во кој бележи профит од 61 милион евра.
Симакан кој е 29 годишен стопер со Ал Наср потпиша договор до 2029 година и во Лајпциг пристигна од Стразбур пред три години за 15 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лајпциг вложи 44 милиони евра актуелниот тим, а заработи 105 милиони евра со продажбата на Дани Олмо во Барселона, Анхелињо во Рома и Симакан во Ал Наср.
Ако се смета од летото 2022 година Лајпциг во две календарски години остварил добивка од 142.7 милиони евра само од продажбата на фудбалери. Тука не се сметаат спознорите, ТВ правата, бонусите од УЕФА и Бундеслигата, продажбата на влезници…
Во тој период клубот го напуштија меѓу другите: Тајлер Адамс, Хи-Чан Хванг, Брајан Броби, Норди Мукиеле, Адемола Лукман, Јошко Гвардиол, Доминик Шобошлаи, Кристофер Нкунку и Александар Сорлот
Исто така треба да се каже дека во соблекувалната, Лајпциг има играчи како: Опенда, Бенџамин Шешко, Лукебе и Ел Чадли Битшабу од кои може дополнително одлично да заработи.