Дома Фудбал Англија Тимот на годината во ПЛ полн изненадувања: Во составот Погба, ги нема Азар, Салах…

Тимот на годината во ПЛ полн изненадувања: Во составот Погба, ги нема Азар, Салах…

Тимот на годината во англиската Премиер лига официјално ќе биде соопштен во петок, но Дејли Мејл денеска откри како ќе изгледа истиот.

Титулата за најдобар играч на сезоната ќе ја добие играчот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, откако во финалната пресметка го победи играчот на Сити, Рахим Стерлинг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нормално, и двајцата фудбалери се вклучени во идеалните 11. Здружението на професионални фудбалери гласаше, а најголемо изненадување претставува фактот што во екипата се најде Погба.

Ѕвездата на Јунајтед оваа сезона играше добро само месец дена, но тоа беше доволно да се најде во тимот на годината. За таа цел, во тимот не се најде играчот на Челси, Еден Азар и тоа е најголемо изненадување.

Само три тима имаат свои играчи во идеалниот тим, а Манчестер Јунајтед со Погба влезе покрај Сити и Ливерпул. Шест фудбалери има Сити, четири Црвените и еден Јунајтед.

Составот изгледа вака: Едерсон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Лапорте, Робертсон, Погба, Фернандињо, Бернардо Силва, Стерлинг, Мане, Агуеро.

Да потсетиме, до крајот на сезоната во Премиер лигата остануваат уште три кола, а битка за титулата водат Сити и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…