Дома Фудбал Останато Тимот на годината веќе познат: Реал има четири претставници?

Тимот на годината веќе познат: Реал има четири претставници?

0

ФИФА денес во Милано ќе организира церемонија за доделување на наградата за најдобар играч, тим и најубав гол за минатата сезона.

Шпанскиот новинар Хозе Педрерол кој важи за близок до Реал Мадрид тврди дека Реал ќе има четири играчи во тимот на годината. Наводно во тимот на годината место ќе добијат: Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ и Еден Азар.

Покрај нив наводно ќе бидат уште: Алисон, Де Лихт, Ван Дајк, Де Јонг, Роналдо, Меси и Мбапе.

Гала вечета започнува во 20:00 часот, а интересно е што ако овие информации на Педрерол се точни ќе нема ниту еден играч на Манчестер Сити.

За играч на годината се борат, Лионел Меси, Роналдо и Вирџил Ван Дајк.

Роналдо оваа награда ја освои во 2016 и 2017 година, минатата година добитник беше Лука Модриќ.

За изборот се гласеше од 31-ви јули до 19-ти август 2019 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати финалистите: Тројца тинејџери ќе се борат за наградата „Златно момче“

Секоја година традиционално се доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот млад играч …