Дома Македонски спорт Мак фудбал Тиквеш ги започна подготовките со едно ново име, си заминаа шестмина

Тиквеш ги започна подготовките со едно ново име, си заминаа шестмина

Денес е означен стартот на подготовките на фудбалерите на ГФК.ТИКВЕШ 1930 АД. Првата фаза од подготовките ќе биде до 21.01 во Кавадарци.

На 22.01.2022 Tиквеш заминува на подготовки во Анталија каде ќе се одиграат неколку контролни натпревари пред почетокот на останатиот дел од првенството во првата македонска фудбалска лига.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Клубот го напуштија: Јорданчо Наумовски, Симе Христов, Дарко Тофилоски, Урош Миркович, Мирза Идризовиќ и Да Силва Ндомбеле Фуртунато.

Ново засилување е младиот и преспективен голман Мартин Дафков од екипата на Кит Го.

Од Тиквеш најавија дека во наредниот период ќе пристигнат и нови имиња во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…