Кошаркарската репрезентација на Македонија вчера беше поразена во финалето на Европското првенство од „Б“ дивизијата против Чешка со 85:72, но овој пораз не боли премногу затоа што нашите млади кошаркари и со поразот обезбедија место во елитната конкуренија.
Еден од нашите најважни кошаркари беше Теодор Симиќ кој беше главен кандидат за МВП на турнирот. Против Чешка, Симиќ постигна 23 поени, 7 скокја и 4 асистенции. Првенството, Симиќ го заврши со 16 поени и 9.1 скока по натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Симиќ доби место во најдобрата петокра каде што се уште Ондреј Свец и Ондреј Хустак од Чешка, Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина. Признанието МВП заврши кај Ондреј Свец.