Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Не сакам да го загубам Рашфорд

Тен Хаг: Не сакам да го загубам Рашфорд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги коментираше шпекулациите дека Маркус Рашфорд може да го напушти клубот.

Во последните денови се шпекулира дек ПСЖ покажува сериозен интерес за Рашфорд и спремил богата понуда за напаѓачот.

„Тој е многу важен и тоа го кажав уште од првиот ден тука. Не сакам да го загубам. Рашфорд со сигурност е дел од моите планови“, изјави Тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ утре му гостуваат на Брентфорд, а Кристиано Роналдо најверојатно ќе биде во стартниот состав.

„Тој имаше добра седмица и тренираше одлично. Роналдо сега може да одигра цел меч. Ќе видиме утре дали ќе почне од почеток“, истакна Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендата на Ливерпул е пред банкрот поради неподмирен даночен долг

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и англискиот репрезентативец, а денес телевизиски аналити…