Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одлучи да го стави на продажба Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.
Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус, а и не ги исполни очекувањата на холандскиот тренер.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а со тоа да се ослободат и од неговата висока плата, бидејќи Французонот е еден од најплатените фудбалери во тимот.
Манчестер Јуннајтед му порачал на агентот дека слободно може да си бара нов клуб.