Дома Фудбал Англија Тен Хаг за продажбата на Манчестер Јунајтед: Може да биде нешто добро

Тен Хаг за продажбата на Манчестер Јунајтед: Може да биде нешто добро

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг смета дека одлуката на сопствениците Глејзери да го продадат клубот може да се покаже како добра.

Сопствениците, семејството Глејзер минатиот месец потврдија дека се спремни да разгледаат понуди за продажба на мнозинскиот пакет акции на клубот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Верувам дека ова ќе биде позитивно, бидејќи можни се дополнителни инвестиции и ова е добро за клубот. Зборувавме за културата што ја сакаме, за целите и задачите. Велат дека ништо нема да се промени, а ќе биде уште подобро, бидејќи за овој проект ќе се одвојат повеќе пари. Њукасл и Вест Хем можеби не се на врвот на табелата во моментов, но имаат огромни инвестиции“.

„Има седум-осум клубови во Премиер лигата кои можат да конкурираат за титулата. Ова важи и за стратегијата, а не само за парите. Но, јасно е дека нема да успеете и нема да ги постигнете своите цели кога ги немате вистинските и квалитетни играчи“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси нуди тројца играчи на Астон Вила во обид да реализира скап трансфер

Се очекува Челси да го следи играчот на Астон Вила, Морган Роџерс, до крајот на овој летен…