Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.
Тен Хаг значително го засили нападот со доаѓањето на Антони, но не се откажува од идејата да го донесе Гакпо на „Олд Трафорд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
22-годишната ѕвезда на ПСВ блеска и оваа сезона и е прв фудбалер во Европа кој стигна до 10 гола и 10 асистенции.
Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок, но Тен Хаг ќе има голем буџет во јануари и сака да го донесе Гакпо за кого се верува дека може да биде наследник на Роналдо.
Cody Gakpo is the first player in European football to score 10+ goals and make 10+ assists this season. 💯🇳🇱 pic.twitter.com/OaoK4l36yW
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 7, 2022