Дома Македонски спорт Тргнаа тивко, се вратија како ХЕРОИ!

Тргнаа тивко, се вратија како ХЕРОИ!

Македонската репрезентација до 21 година го заврши настапот на Светското првенство во Алжир и тоа како шестопласирана, што е огромен, поточно најголем успех во еден колективен спорт во нашата земја и Македонија мора да биде горда на своите млади момци кои Македонија ја претставија во фантастично светло.

Заминаа тивко, можеби и беа потценети, ниту една македонската телевизија не ги пренесуваше нивните настапи, тоа беше така можеби затоа што не очекуваа преголем успех. Но за наша голема среќа тие го покажааа токму спротивното и се враќаат дома како ШЕСТА ракометна сила во светот во категоријата на играчи до 21 година, БРАВО МАЈСТОРИ.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Да се потсетиме како избраниците на Илија Темелковски стигнаа до овој неверојатен успех.

Македонија доби навидум лесна во група, но сите осум репрезентации во нашата група черити изборија пласман помеѓу осумте најдобри. Во групата Ц покрај нас беа: Шпанија, Тунис, Русија, Бразил и атусајдерот Буркина Фасо.

Првиот натпревар го одигравме на 18 јули и тоа против селекција на Русија. Запишавме победа од 29:22. На овој натпревар се истакна Филип Арсеновски кој беше најдобар стрелец на натпреварот со седум погодоци, а одличен настап прикажа и голманот Томовски. Да се потсетиме и на изјавата на нашиот селектор после натпреварот против Русија.

 

Изјава на селекторот Иле Темелковски

Изјава на селекторот Иле Темелковски по натпреварот со Русија

Posted by Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница on Mittwoch, 19. Juli 2017

Потоа следуваше натпревар против аутсајдерот Буркина Фасо во кој никој не се сомневаше дека можеме да славиме, а нашите ракометари се изборија за убедлива победа од 28 голови разлика 48:20 гласеше конечниот резултат. Во овој натпревар Димитар Димитровски беше стрелец на осум погодоци.

После двете победи на стартот од првенството следеше и натпреварот од третото коло против Тунис во кој го претрпевме првиот пораз. Тунис запиша победа во овој натпревар од 32:27. Причината за овој пораз можеби треба да ја бараме во разиграните Скендер Заид за кого нашата одбрана немаше решение и успеа да постигне 14 погодоци. Во нашиот табор по шест погодоци постигнаат Талевски и Павлевски.

Дојде и натпреварот против првиот фаворит во групата Шпанија. Нашите момци и пред почетокот на натпреварот знаеа дека се наоѓаат пред тежок предизвик, на крајот Шпанците славеа со резултат 36:25. Во овој натпревар наши најдобри стрелци беа Кузмановски и Талевски кои постигнаа само по четири погодоци против силната одбрана на Шпанците.

Стигнавме и до натпреварот против Бразил, двата порази во низа не ги разочараа македонските момци и сите знаевме дека Бразил е противник кого можеме да го победиме и токму тоа се случи, Бразил беше поразен.Конечниот резултат од овој натпревар на крајот гласеше 28:23. Одличен натпревар прикажа разиграниот Филип Талевски кој беше стрелец на седум погодоци.

Македонија е во ОСМИНАФИНАЛЕ!

Изјава на Мице Шилегов

Кратка изјава на Мице Шилегов по натпреварот Македонија – Бразил

Posted by Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница on Dienstag, 25. Juli 2017

Во осминафиналето за противник го добивме домаќинот Алжир. Очекувано салата беше преполна домашните навивачите стигнаа да ги поддржат нивните миленици, но тука беа избраниците на Илија Темелковски да им го расипат големото славје. Македонија го совлада Алжир со 24:20 и избори влез помеѓу осумте најдобри во светот. Следуваше големо славје…

Во четвртфиналето налетавме на моќната Франција која едноставно беше далеку подобар противник и запиша убедлива победа од 33:17. Иако натпреварот не го започнавме лошо и на полувремто Французите имаа само пет голови предност, но во вториот дел не можевме ништо да направиме, па бевме убедливо поразени. Но, момците никако не смееа да ги наведнат главите, со самиот влез во четвртфиналето тие испишаа нова историја во македонскиот ракомет.

По поразот од Франција, Македонија ја очекуваше разигрување за пласман од петото до осмото место на шампионатот. Наш прв противник беше Русија која ја совладавме на стартот на првенството. Русите беа поразени и по втор пат, но овој пат со поголема разлика, 36:27. Во овој натпревар повторно одличен на голот беше Томовски, а најефикасен беше Филип Кузмановски со седум постигнати погодоци.

За крај на првенството игравме против Унгарија во натпревар за петото местото. Унгарците одиграа добро имаа предност во текот на целиот натпревар и славеа со 26:22. Но, тоа никако не смее да ја расипе сликата за настапот на младите македонски ХЕРОИ на ова Светско првенство. Да се биде шеста ракометна сила во светот сепак не е мала работа.

СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЦИ, МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА НА ВАС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Омерагиќ доби честитка од Чеферин

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин упати писмо со честитка за изборот на …