Дома Фудбал Останато Тебас: Ањели, Лапорта и Перез лажат повеќе од Путин, треба да сме глупави да им веруваме

Тебас: Ањели, Лапорта и Перез лажат повеќе од Путин, треба да сме глупави да им веруваме

Денес повторно е актуелна темата со Суперлигата, на оваа тема се огласи и првиот човек на УЕФА Александар Чеферин кој жестоко го нападна Андреа Ањели (тука). Против т.н Суперлига е и претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас.

Покрај Ањели кој наводно денес ќе ја презентира новата идеја за Суперлигата, негови најблиски соработници се Флорентино Перез и Лапорта.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ањели треба да дојде и да објасни. Пред три недели мислам дека имаше состанок во неговиот дом со Перез и Лапорта. Тоа ќе биде лига во која ќе испаѓаат два-три клуба, тешко дека ќе се случи Јувентус, Барселона и Реал да испаднат. Создадоа непријатели од УЕФА и Премиер лигата каде што се против нивните модели. Ние знаеме што планираат ги имамеминформациите затоа кога ќе прочитам нивни изјави знам дека лажат, лажат повеќе од Путин“.

„Зборуваат дека нивните формати нема да имаат влијаение на другите натпреварувања, треба да сме глупави да им поверуваме, тоа што тие го замислиле ќе влијае на целиот фудбал. Се што сакаат е само повеќе моќ и пари“, обвини Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…