Дома Фудбал Останато Таткото на Меси го спречил Лапорта да се слика со Лео

Таткото на Меси го спречил Лапорта да се слика со Лео

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се обидел да се фотографира со Лео Меси за време на цеременијата за доделувањето на „Златната топка“ во Париз.

Меѓутоа, Лапорта бил спречен од таткото на фудбалерот Жорге Меси, пренесува каталонската телевизија „8TV“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во пролетта Лео Меси ја поддржа кандидатурата на Лапорта за нов претседател на Барселона. Меѓутоа, во летото на Аргентинецот му беше наложено да си замине од „Камп Ноу“ бидејќи клубот не можеше да го задржи.

Поради финансиските проблеми Барселона не беше во можност да го регистрира новиот договор на Меси, па фудбалерот мораше да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПОСЛЕ УЖАСНАТА ПОВРЕДА НА ЕКИТИКЕ: Ливерпул пронајде нов напаѓач!

Уго Екитике ја повреди Ахиловата тетива и нема да игра за Ливерпул до јануари 2027 година,…