Дома Фудбал Најголемиот натпревар во животот носи и голема заработка: Познато колку ќе добие Словенецот за финалето на СП

Најголемиот натпревар во животот носи и голема заработка: Познато колку ќе добие Словенецот за финалето на СП

Судењето на финалето на Светското првенство е врвот на кариерата за секој фудбалски судија, а оваа можност сега му се оствари на словенечкиот судија Славко Винчиќ. Судијата кој последните години судел на некои од најголемите натпревари во европскиот и светскиот фудбал, не ги сокри емоциите откако дозна дека токму тој ќе го води најважниот натпревар во светот на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кога дознав дека сум избран, најпрво почувствував шок, а потоа, пред сè, огромна среќа. Се тресев. Да се суди на финалето на Светското првенство е неверојатна чест”, рече Винчиќ за ФИФА.

Винчиќ нема да биде сам на големата сцена. Во финалето ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, со што словенечкиот судиски трио ги постигна најголемите успеси во историјата на нивниот фудбал.

Освен престижот, овој успех носи и значителна финансиска награда. Според словенечкиот весник Дело, главниот судија на финалето треба за својата улога да заработи околу 60.000 американски долари. Винчиќ би можел вкупно на ова Светско првенство да инкасира околу 140.000 долари, а конечниот износ ќе зависи од бонусите и сметките на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Аргентинската фудбалска репрезентација во недела од 21 час во Њујорк ќе го одигра финалето…