Дома Фудбал Аргентинците го нападнаа својот херој по победата над Англија

Аргентинците го нападнаа својот херој по победата над Англија

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез се најде на удар на дел од јавноста во неговата земја по победата од 2:1 против Англија во полуфиналето на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека многу од неговите соиграчи по натпреварот ги спомнуваа Фолкландските Oстрови, односно Малвините како што ги нарекуваат во Аргентина, Мартинез изјави дека за него таа тема не била мотив против Англичаните.

„Не сфаќаме што постигнуваме. Чувствуваме поврзаност со нашиот народ и знаевме колку овој натпревар значи за навивачите. Го игравме како вистинско полуфинале, со сè што тоа носи’, рече голманот за DSports.

Мартинез во разговорот изјави и дека смета оти Англичаните не го доживеале натпреварот на ист начин како Аргентинците.

На прашањето дали тоа се однесува на војната за Фолкландските Острови и историското ривалство на двете држави, одговори:

‘Не мислам дека се работи за тоа. Тоа е минато. Тогаш не бев ни роден.’

Голманот на ФК Астон Вила потоа појасни дека зборувал исклучиво за искуството од играње големи натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Аргентинската фудбалска репрезентација во недела од 21 час во Њујорк ќе го одигра финалето…