Дома Фудбал Алварез е бесен пред финалето, не го очекувал потегот кој го направи Атлетико

Алварез е бесен пред финалето, не го очекувал потегот кој го направи Атлетико

Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Хулијан Алварез продолжува, откако еден од челниците на клубот се огласи со изјави кои изгледа само го влошија проблемот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро е познато дека Барселона летово сака да го ангажира Алварез, па дури и понуди 100 милиони евра на Атлетико Мадрид, но оваа понуда веднаш беше одбиена.

Во Атлетико се лути затоа што Барселона, наводно, директно контактирала и со Алварез, кој неодамна изјави дека би сакал да го промени клубот, што доведе до дополнителен хаос. Извршниот директор на Атлетико, Гил Марин, вчера предизвика големо внимание со неговото зборување на оваа тема.

Тој изјави дека Атлетико нема никаква намера да го продаде Алварез на Барселона, без оглед колку пари би нуделе, и додаде дека е циркус тоа што Лапорта јавно се обидува да создаде впечаток дека аргентинскиот напаѓач сака трансфер кон Барса.

“Ние нема да го продадеме Хулијан Алварез. Понудата од 100 милиони евра не ја прифативме и нема да прифатиме ни понуда од 150 ни од 200 милиони евра. Алварез не е на продажба,” рече Марин и додаде.

“Нашиот став е јасен. Јас тоа го кажав и на играчот, на неговите менаџери и на Барселона, вклучувајќи и го нивниот претседател. Немам никаков сомнеж дека за Хулијан. Атлетико е вистинскиот клуб, најдобриот можен избор за него. Тој е совршен за нашиот напаѓачки систем и сакаме да го задржиме.”

“Лапорта се` уште настојува да биде во центарот на вниманието преку овој однос со медиумите и фановите. Но, отворено ви кажувам дека Жоан Лапорта знае дека нема ништо од Алварез и дека може слободно да заборави на тоа. Следната сезона, Алварез нема да игра за Барселона и толку. Без оглед на се`, Лапорта продолжува да си игра со туѓите емоции. Најмногу ми пречи што игра лоши игри и со Алварез и го мами и него,” додава извршниот директор.

Но, овие изјави можат сериозно да му се вратат како бумеранг, бидејќи Алварез е целосно незадоволен од тоа што го слушнал и прочитал во јавноста токму пред големото финале на Мундијалот.

Според шпанските медиуми, Алварез е нервозен и вознемирен поради сите овие случувања затоа што клубот не го консултирал пред да излезе со овие изјави, особено што сега е фокусиран на најважниот меч од неговата кариера.

Според ЕСПН, Алварез и неговиот тим се чувствуваат изневерени откако Атлетико не го исполни ветувањето дадено на почетокот на годината дека ќе му овозможат трансфер ако стигне соодветна понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри: Меси е најдобриот фудбалер во историјата

Капитенотна шпанската фудбалска репрезентација Родриго Ернандез, познат како Родри, изјави…