Дома Фудбал Утре ќе го гледаме најскапото финале во историјата на спортот, Трамп призна дека не би платил толку пари

Утре ќе го гледаме најскапото финале во историјата на спортот, Трамп призна дека не би платил толку пари

Финалето на Светското првенство во фудбал помеѓу Шпанија и Аргентина стана најскапо во историјата на ова натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Просечната цена на билетите на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра.

Официјалните карти за натпреварот што ќе се одигра во недела на стадионот МетЛајф во Њу Џерси веќе не се достапни на веб-страницата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), но сепак можат да се најдат преку платформи за препродажба, известува RTVE.

На еден од најпопуларните американски сајтови за препродажба на билети, StubHub, најевтината карта во петок чини околу 7.125 евра, додека цената на најдобрите места покрај теренот достигнува дури 83.639 евра.

Според податоците од платформата TickPick објавени од магазинот Forbes, просечната цена за билет за финалето на Светското првенство 2026 година е околу 9.900 евра, што е повеќе од цените за најзначајните спортски настани во САД.

На пример, просечната цена на билетите за финалето на Суперболот изнесувала околу 8.225 евра, додека картите за завршницата на НБА лигата во просек чинеле околу 5.513 евра.

Високите цени предизвикаа критики од страна на навивачите, но и од дел од спортските функционери. Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лусон, го критикуваше ценовниот пристап на ФИФА, сметајќи го за неприфатлив.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека би сакал да оди на финалето, но дека не би платил таква цена како навивач.

„Секако дека би сакал да одам, но, искрено, не би платил“, рече тој во интервју за Њујорк пост.

ФИФА сега првпат применува систем за динамично определување на цените, сличен на оној кај големите музички настани, каде што цената на билетите расте според побарувачката.

За разлика од Светското првенство во Катар 2022 година, кога највисоката цена за финално билети изнесуваше 1.600 долари, ФИФА овојпат не постави максимална цена ниту забрани препродажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудило со 10 голови: Англија ја совлада Франција за трето место на СП (Видео)

Англија го освои третото место на Светското првенство по спектакуларната победа од 6-4 про…