Таткото на аргентинскиот фудбалер Лео Меси даде кратка изјава за наводните преговори со ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси се поврзува со францускиот првак веќе неколку недели и според тврдењето на некои медиуми, неговиот татко и агент наводно веќе преговарал со ПСЖ.
„Ова е лага. Јас сум во Аргентина од септември.“ – напиша Хорхе на својот Инстаграм профил и така им стави крај на гласините.
Аргентинецот ќе остане во Барселона барем до летото, а тогаш како слободен играч може да ги напушти Каталонците.
Освен ПСЖ се поврзува и со Манчестер Сити, но и натаму не е позната неговата конечна одлука.