Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески и Пешевски разочарани: Очигледно има проблем

Талески и Пешевски разочарани: Очигледно има проблем


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не ја мина групната фаза на Светското првенство.

Сите во таборот на репрезентацијата се разочарани, бидејќи очекувањата беа поголеми, а Талески призна дека има проблем.

 „Ќе анализираме на крај. Очигледно има проблем, меѓутоа мора да се реши ако сакаме да одиме напред, да бидеме добра репрезентација. Во моментов е оваа слика што ја гледаме сите. И ние знаеме дека тоа е тоа. Сега ни преостануваат натпреварите за пласман, а потоа кога ќе се вратиме потребна е добра анализа да видиме во што е проблемот и да се поправиме“, изјави Талески.

„На овој турнир не го покажавме нашето вистинско лице. Во репрезентацијата има атмосфера, но откако ќе излеземе на теренот како нешто да се случува. Имаме многу млади играчи и затоа ни треба поддршка. Патот во иднина ќе биде трнлив но се надевам на подобри резултати. Овде имаат играчи кои се подготвени да се борат до последна капка крв. Веќе со нас не се Кире, Столе и едноставно сите треба да преземеме одговорност да не ни се случуваат вакви работи“, истакна Пешевски.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФФМ домаќин на УЕФА меѓународна работилница за клупско лиценцирање

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Оваа година прославу…