Дома Фудбал Репрезентации Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде освојувачот на Мундијалот во Катар

Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде освојувачот на Мундијалот во Катар

Се поблиску сме до почетокот на Светското првенство кое стартува на 20. ноември во Катар и ќе трае до 18. декември. Како што се доближува моментот до почетокот така и расте возбудата помеѓу фудбалските фанови, сега Суперкомпјутерот направи и пресметка за новиот светски шампион.

Според неговата пресметка, нов светски шампион ќе биде селекцијата на Аргентина. Аргентинците на титула чекаат од Мундијалот од 1986 година која беше втора за „гаучосите“. Од тогаш играа две финалиња во 1990 и 2014 година. За нив овој Мундијал ќе биде посебен и затоа што е последен за Лионел Меси на кој му недостига толку посакуваниот трофеј.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„БЦА Рисрч“, агенцијата која ја направи оваа агенција користеше информации од актуелната форма на фудбалерите во репрезентациите, квалитетот на фудбалерите и пласманот на репрезентациите на ФИФА ранг листата.

На Мундијалот Аргентина ќе игра во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска. Првиот натпревар го играат на 22. ноември против Саудијците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…