Дома Македонски спорт Мак ракомет Струшкиот ракометен турнир ова година во полн сјај- еве ја програмата!

Струшкиот ракометен турнир ова година во полн сјај- еве ја програмата!

Традиционалниот струшки ракометен турнир оваа година ќе биде посилен во споредба со последните неколку сезони, како и што доликуна на реномето на оваа престижна ракометна смотра.

Овогодинешното 46-то издание денес го доби својот изглед. Ќе учествуваат осум екипи од седум различни земји, кои ќе бидат распоредени во две групи, а македонски преставници ќе бидат Струга и Еурофарм Работник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од странските екипи ќе учествуваат шведскиот Алингсас, турскиот Бешикташ, францускиот Тулиз, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, романската Доброгеа Суд Костанца и српскиот Железничар со Веселин Вујовиќ на клупата.

Група 1: Целје (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција), Еурофарм Работник (Македонија).

Група 2: Железничар (Србија), Доброгеа Суд Констанца (Романија), Алингсас (Шведска), Струга (Македонија).

Групната фаза се игра од 15 до 18 август, секој со секого, додека на 19 август се закажани финалните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…