Стартуваше ракометниот турнир во Струга, а на првиот натпревар домаќинот му зададе сериозни маки на фаворитот Еурофарм Пелистер во овој дуел.
Струга беше поразена со 27:23 (13:12), битолскиот состав отпорот го скрши во последните десетина минути од натпреварот. Домашниот тим покажа квалитет. Натпреварот место на отвореното игралиште поради најавите за дожд се одигра во салата „Нико Нестор“.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
До 47. минута од мечот Струга имаше активен резултат, на моменти и водеше, но тогаш фаворитот направи разлика од три гола предност и поведе со 22:19. Тука практично и беше решен победникот.
Во 53 минута видовме и по некој црвен картон. После една мешаница пред голот на Еурофарм Пелистер црвен картон доби Кукоски, а двете клупи по две минути исклучување.
Еурофарм Пелистер во следното коло ќе се сретне со Татран, додека Струга ќе игра против АЕК.