Дома Фудбал Италија Стротман: Рома не може да се бори со Наполи и Јувентус

Стротман: Рома не може да се бори со Наполи и Јувентус

Еден од најважните фудбалер на Рома во изминатите неколку години, Кевин Стротман ја коментираше ситуацијата во клубот.

Холанѓанецот призна дека, за разлика од Јувентус и Наполи, „волците“ се принудени да ги продаваат своите големи ѕвезди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома изминатите години веќе се раздели со имиња како Мохамед Салах, Леандро Паредес, Антонио Рудигер, Миралем Пјаниќ и Меди Бенатиа.

„Рома не е клуб кој само купува играчи. Ние сме принудени да ги продаваме нашите играчи, за разлика од Јуве и Наполи. Ги изгубивме Салах, Рудигер и Паредес. Пред тоа се разделивме со Пјаниќ и Бенатиа. Имам голема доверба во проектот, кој Палота го гради“, истакна Стротман.

„Среќен сум во Рома. Клубот ме поддржа по повредата што ја имав. Сакам нешто да освојам, но оваа година ја имаме само Лигата на шампионите. Наполи и Јувентус се посилни од нас, но нашата цел е третото место“, заклучи холандскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…