Поголем посед на топката, поголеми шанси и пораз. Баерн како и изминатата сезона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, му дозволи на Реал по водечкиот погодок да направи пресврт и да слави во Минхен. Боли, многу боли, и еднаш, а уште кога се повторува.
„Вакви шанси не создадовме ниту против Хановер изминатата недела. А тие шутнаа два пати и исто толку погодија“, незадоволно истакна Џошуа Кимих, стрелец на единствениот погодок за Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Томас Милер не беше ниту подобро расположен, иако и натаму е оптимист дека Баерн може да ја оствари целта на „Сантијаго Бернабеу“.
„Испаднавме наивни. Имавме неколку големи и одлични шанси. Во Бундеслигата велиме само благодарам и зимаме бодови. Можеби и денес важноста на мечот влијаеше. Моравме да оствариме подобар резултат. Боли тоа, но се уште ништо не е готово“.
Интересно е што Кимих го „пецна“ Милер посочувајќи дека се поинаку би изгледало ако Арјен Робен не се повредеше во осмата минута од мечот.
„Штета. Тој е играч кој веднаш ги врзува играчите за себе и мене ми отвора простор. Не велам дека Томас Милер не направи добра работа, тој со своето движење отвора простор“, истакна Кимих.
Не вели… Но и вели.