Македонскиот атлетичар ги прави последните подготовки пред настапот на Олимписките Игри во Токио. Трката на 400 метри е закажана за први август.
Јован Стојоски веќе во Токио. Македонскиот атлетичар со нетрпение го очекува својот деби настап на едни Олимписки Игри, сонот на секоја спортист.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стојоски на ЛОИ во Токио ќе настапи на трката на 400 метри која е закажана за први август, во 3:45 часот. Тој ги користи последните денови за максимална подготовка за најголемиот предизвик во неговата кариера. Добро знае што значи да се настапува под знамето на една земја.
„Задоволен сум од подготовките кои што ги одработив. За Токио се подготвував две години. Олимписките игри се сон за секој спортист, голем предизвик. За мотивот не треба да се зборувам премногу. Предизвикот е голем, имам голема чест, да настапувам под македонското знаме, тоа ми дава обврска да дадам се од себе. Никогаш не сум се штедел, вака ќе биде и на трката. Сакам да ја направам Македонија горда“.
Конкуренцијата ќе биде голема, но тоа го прави чувството посебно. Имам искуство на другите натпреварувања, се надевам дека ќе успеам да остварам резултат за почит, истакна атлетичарот Јован Стојоски.
Настапот на ЛОИ во Токио ќе биде дополнително искуство за предизвиците кои ги има поставено македонскиот атлетичар.
„Иако е рано, но моја следна цел се Олимпијадите во Париз и Лос Анџелес. Нема да застанам, сакам да носам успеси, сакам да ја правам Македонија горда, додаде атлетичарот“.