Адам е момче заљубено во фудбалскиот клуб Хадерсфилд и во овој момент го живее својот сон. Клубот е во Премиер лиагата, а минатиот викенд оствари историска победа над Манчестер Јунајтед.
Адам беше сведок на историјата бидејќу беше на трибините на стадионот „Џон Смит“ заедно со својот татко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Адам на трибините најде паричка од 5 фунти, па бидејќи е убаво воспитан не сакаше да ја задржи одлучи да ја испрати до клубот, но со специјална молба.
Тој на директорот Шон Џарвис му испрати писмо со објаснување дека нашол 5 фунти, не знае од кого се, па тие му припаѓаат на клубот. Притоа му сугерираше на директорот да го замоли менаџерот Вагнер парата да му ја даде на фудбалерот Арон Мој кој беше одличен против Јунајтед.
Директорот ја објави целата сторија на Твитер со коментар: „Малиот Адам е класа“, а во приказната се вклучи и Мој кој прифати да ги земе 5-те фунти, но само ако го запознае малиот Адам.
За ова денес зборува цела Англија, а ние можеме да кажеме само: Секоја чест мали!