
Вчера Вардар откако одигра едно добро полувреме во второто полувреме следуваше пад кој Кил го искористи и дојде до победа.
Тренерот Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека според него тимот играл добра одбрана во првиот дел, но со него не се согласи капитенот Стојанче Стоилов.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Честитки до Кил заслужија да победат посебно ако се знае дека дојдоа без двајца важни ракометари. Освоија важни бодови, за жал ние не стигнавме до позитивен резултат. Не би се согласил со тренерот Вујовиќ дека игравме добра одбрана, се потпиравме на одбраните на Томовски. Во Кил се познаваат добро и тоа е нивната сила, ние сме со нов состав, не би сакал тоа да е изговор. Мораме да продолжиме да ја прекинеме оваа црна серија и да ја вратиме самодовербата“, изјави Стоилов.