По вчерашната реакција на Здружението на кошаркари на првата лига во Македонија денес со одговор излезе претседателот на федерацијата, Перо Антиќ.
Антиќ преку кратко соопштение на веб страната на КФСМ информираше дека одлуката ќе биде објавена во четврток:
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
“Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во ЧЕТВРТОК, 22. октомври 2020 година.
Претседател на КФСМ
Перо Антиќ“