Дома Фудбал Падна одлука: Тухел останува селектор на Англија

Падна одлука: Тухел останува селектор на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Томас Тухел има целосна поддршка од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и се очекува да го предводи националниот тим до Европското првенство 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, објавија денес британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англија во средата беше поразена од Аргентина со 2:1, со што остана без првиот пласман во финалето на Мундијалот уште од 1966 година. Тухел беше цел на критики поради измените, откако неговиот тим испушти предност од 1:0 во завршницата на натпреварот, но потврди дека има намера да остане на клупата на репрезентацијата.

„Продолжуваме понатаму согласно договорот до Европското првенство кое ќе се одржи дома. Се радувам на тоа, иако моментално е тешко да размислуваме толку напред. Многу големи фудбалски репрезентации испаднаа пред полуфиналето, па и ова е успех. Знам дека никој сега не сака да го чуе тоа, ни јас, затоа што секогаш очекуваме најмногу од себе”, рече Тухел, а пренесе “Би-Би-Си”.

Германскиот стручњак во февруари го продолжи договорот на две години, откако во јануари 2025 ја презеде репрезентацијата со првобитната задача да го освои Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се одложи почетокот на финалето на Светското првенство? Ова би бил сериозен удар за ФИФА

Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три …