Дома Фудбал Англија Статистика која загрижува: Може ли Ливерпул да биде жртва на себичните амбиции на Салах и Мане?

Статистика која загрижува: Може ли Ливерпул да биде жртва на себичните амбиции на Салах и Мане?

Дали ова може да биде конечно таа сезона во која Ливерпул ќе завладее во англискиот фудбал?

Ова е прашање кое си го поставуваат навивачите на Ливерпул веќе 30 години и оваа сезона е по актуелно од било кога! После осум кола Ливерпул има дури осум бода предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити и многумина веруваат дека Ливерпул конечно ќе ја освои титулата на која чека толку долго време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите се уште се внимателни со очекувањата и не избрзуваат со славјето. Потенцијален проблем во продолжение од сезоната барем според статистиката може да се појави помеѓу двете најголеми ѕвезди на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах.

Педантните статистичари го забележаа следното – Салах и Мане не си поделиле ниту една асистенција еден на друг од почетокот на сезоната. Причина повеќе за оваа анализа беше еден детал од убедливата победа над Барнли (3:0). Беше тоа уште во август. Мане беше бесен на Салах затоа што не му ја додаде топката иако имаше можност за тоа. Ливерпул до денес го задржа 100% учинок.

На Островот после овој податок си го поставуваат прашањето: Дали Ливерпул може да стане жртва на себичните амбиции на двајцата фудбалери? Мане се обиде да ја спушти ситуацијата со изјавата дека Салах му е добар пријател.

Сепак статистиката го кажува следното – Салах не создал ниту една шанса за Сенегалецот, да – ниту една! Мане пак Египќанецот пред голот го проиграл четири пати (без реализација) што секако е малку. Освен тоа двајцата било каде на теренот си размениле само 26 додавања. За споредба минатата сезоната заедно одиграа 2996 минута и имаа четири асистенции и 37 создадени шанси. Ова е податок кој секако е загрижувачки за навивачите на Ливерпул.

Ќе потсетиме Ливерпул сезоната ја заврши зад Сити, а Мане и Салах имаа по 22 гола колку и Пјер Емерик Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…