Веќе втора сезона во низа, Вардар сака да им излезе во пресрет на своите фанови и да обезбеди сезонски карти на време за секој кој сака да го следи клубот во рамки на новата сезона.
Сезонски карти ќе има одделно за машката и женската ракометна екипа, за фудбалскиот состав, како и Вардар ПАССС со кој ќе можат да следат натпреварите на сите три екипи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оние кои изминатата сезона поседувале сезонски карти за РК и ФК Вардар, оваа година ќе имаат приоритет во однос на купувањето билети, односно можат старите билети да ги заменат со нови.
Приоритетната продажба на сезонски билети почнува на 24 јули и ќе трае до 6 август.
Потоа сите билети што ќе останат се пуштаат во регуларна продажба, што почнува на 7 август и ќе трае до 20 август.
За секој поединечен натпревар ќе бидат пуштени билети во продажба само доколку има слободни места.
Цени за сезонските билети:
РК Вардар
2200 ден. за трибинскиот простор
2600 ден. за А блокови
900 ден. за стоење
(Ова важи за сите натпревари од ЛШ, СЕХА, домашното првенство и домашниот куп)
ФК Вардар
1200 ден.
(Овозможен влез за сите домашни натпревари и натпреварите во рамки на Куп натпреварувањето на РМ)
ЖРК ВАРДАР
600 ден. трибински простор
900 ден. за новите А блокови
(Сите натпревари од ЛШ,групна и главна фаза, домашен терен во рамки на Македонската лига и Куп натпреварувањето на РМ)
ВАРДАР ПАСС
2600 ден. за трибински простор
3000 ден. за новите А блокови
(Важат за сите натпревари од ЛШ, СЕХА, македонска лига, Куп натпреварувањерто, ПМФЛ…)