Дома Фудбал Репрезентации Стартува ЕУРО 2021 за играчи до 21 година!

Стартува ЕУРО 2021 за играчи до 21 година!

Во среда на 24-ти Март, стартува младинското фудбалско Европско Прценство кое годинава се одржува во две земји, Унгарија и Словенија. Се очекува овој шампионат да биде еден од најнеизвесните во поновата историја, особено ако се земе во предвид играчкиот кадар на најголемите фаворити: Франција, Англија, Шпанија, Германија, Португалија …

Ќе се разликува овој младински фудбалски шампионат во однос на предходните поради многу нешта. За прв пат едно Европско Првенство ќе се одржи во два периода од годината. Групната фаза сега, а втората фаза пред летото. Освен тоа, овој шампионат е првото големо фудбалско натпреварување кое ќе се одржи во време на пандемија поради Ковид-19, а затоа има и еден куп протоколи и правила поврзани со пандемијата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Секогаш се издвојувал еден фаворит во овие категории, но сега нема јасен фаворит иако за најквалитетна се смета селекцијата на Франција. Освен тоа, никогаш предходно немало толку млади квалитетни имиња кои веќе се лидери или меѓу најдобрите во своите екипи и тоа на највисоко ниво. Во секоја репрезентација има барем по една звезда, а кога ќе ги погледнете селекциите на фаворитите, просто ќе се запрашате дали тоа е младинската селекција или пак оние најдобрите.

Следуваат информации за ЕП, кое тимот на „кладење.мк ќе го анализира во текот на целиот шампионат.

Младинското ЕУРО 2021 има уникатен формат и распоред, со групна фаза и нокаут фаза кои ќе се одиграат одделно. Групната фаза се одржува од 24-ти до 31-ви март, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата со осум екипи која ќе се одржи од 31-ви мај до 6-ти јуни 2021 година.

Кои се групите?

Група А

Унгарија (домаќини), Германија, Романија, Холандија

Група Б

Словенија (домаќини), Шпанија, Чешка, Италија

Група Ц

Русија, Исланд, Франција, Данска

Група Д, Португалија, Хрватска, Англија, Швајцарија

Во кои градови ќе се игра младинското ЕП:

Унгарија

Будимпешта: Божик стадион

Ѓер: Стадион Гирмоти

Шексфехервар: Состои Стадион

Сомбатејски: Стадион Халадаш

Словенија

Целје: Стадион Целје

Љубљана: Стадион Стожице

Копер: Стадион Бонифика

Марибор: Стадион Људски врт

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент. Во текот на мин…