Дома Фудбал Останато Станковиќ: Знаеме што значи Милан во Европа, но не се плашиме

Станковиќ: Знаеме што значи Милан во Европа, но не се плашиме

Денес тимот на Црвена Звезда во 1/16 финалето од Лигата на Европа за противник го доби италијанскиот гигант Милан.

Јасно е дека Милан е голем фаворит против Звезда, но стратегот на српскиот клуб Дејан Станковиќ истакна дека Звезда нема да излезе со бело знаме.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Милан е силен тим и тоа сите добро го знаете. Вчера го гледав натпреварот Милан – Парма, Парма не беше лоша, но Милан доминираше, не победија затоа што немаа среќа. Тие се лидери во Серија А и не треба да се губи време да зборуваме за Милан, сите знаат што значат „росонерите“ во европсите натпреварувања“.

„Во претходните неколку години се бараа себе си и сега изгледа конечно се на вистинскиот пат. Моја најголема желба до натпреварот е да се сменат работите и да има публика на трибините. Свесни против кого ќе играме, меѓутоа не се плашиме“, изјави Станковиќ.

Ќе потсетиме, Станковиќ долги години водеше големи битки со Милан како играч на градскиот ривал на „росонерите“, Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…