Aмериканскиот спринтер Кристијан Колмен се наоѓа под истрага на Светската анти-допинг агенција поради сомневање дека избегнал допинг тестирање.
Како што пренесува „Би-Би-Си“ Колмен кој го имаше најбрзиот резултат во 2019 година на 100 метри (9.81) на три пати го пропуштил тестирањето и тоа привлекло внимание поради што е започната истрага. Во случај да биде потврдено дека е виновен, Колмен ќе заработи суспензија од една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега не се огласила Меѓународната атлетска федерација, како ни анти-допинг агенцијата на САД.
Ќе потсетиме Колмен минатиот месец беше најбрз на државното првенство САД на трката од 100 метри со време од 9.99.