Дома Македонски спорт Мак баскет Според ФИБА: Македонија на петто место пред почетокот на предквалификациите за ЛОИ 2024

Според ФИБА: Македонија на петто место пред почетокот на предквалификациите за ЛОИ 2024

Аналитичарите сметаат дека прв фаворит е БИХ, пред Полска, Чешка и Израел

„Никогаш не вели никогаш“ кога се во прашање можностите на нашата сениорска репрезентација во овој момент. Така ја завриваа мини-анализата стручните лица кои работат во ФИБА, а се однесува на квалитетот на осумте репрезентации кои од утре ќе ја почнат битката за едно место кое води во олимписките квалификации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Талин и во Гљивице се играат двата турнири во кои осум селекции тргнуваат со иста желба, да бидат најдобрата.

ФИБА направи еден рејтинг за актуелните можности на оваа „осмица“.

И интересно, првата позиција им ја припишаа на кошаркарите на БиХ.

Најмногу поради фактот што во составот на „змајевите“ освен ударниот двоец Јусуф Нуркиќ-Џанан Муса, пред турниот во Гљивице  сега е придодаден уште еден сериозен НБА потенцијал во ликот на Лука Гарза.

Македонската репрезентација ФИБА ја става на петтото место, потенцирајќи дека имаме евидентен напредок, ги поминавме двете претквалификациски фази за Евробаскетот 2025, дека го имаме најдобриот играч во ФИБА лигата на шампионите Ти-Џеј Шортс, кому како сериозна поддршка му е играчот на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ.

Веднаш зад Босанците се домаќините на една од двете групи – репрезентацијата на Полска, по што следуваат две екипи од нашата група, Чешка и Израел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Перо Антиќ пред враќање во НБА и тоа како помошник тренер?!

Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ како што стојат работите сериозно размисл…