Најдобрите двајца светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се соочат пред крајот на годината во меч во Саудиска Арабија.
Српскиот и шпанскиот тенисер ќе настапат на турнирите во Париз и Торино, а без разлика што ќе се случува таму сигурно ќе играат еден против друг до крајот на годината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тие ќе се соочат во егзибициски натпревар пред 40.000 гледачи на „Кингдом Арена“ во Саудиска Арабија. Мечот би требало да се одигра на 27. декември.
Последен пат Ѓоковиќ и Алкараз играа меѓусебе на турнирот во Синсинати, а досега се сретнаа во четири меча во кои меѓусебниот скор е 2:2.
Саудијците по најдобрите имиња во фудбалот очигледно сакаат да ги привлечат и најдобрите тенисери да играат на нивно тло. Засега не е познато колку двајцата тенисери ќе заработат од овој спектакл.