Дома Фудбал Италија Спалети за Елмас: Тој е феномен, може да игра каде и да го ставите!

Спалети за Елмас: Тој е феномен, може да игра каде и да го ставите!

Лучијано Спалети ја започна својата тренерска епизода во Наполи, а според неговите зборови импресиониран е од Елмас.

Спалети имаше отворен ден со навивачите и одговораше на нивните прашања. Еден од навивачите го праша Спалети за карактеристиките на Елмас и како гледа на него.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„На Елмас не можете да му ги разберете сите карактеристики затоа што ги има премногу. Него можете да го користите каде сакате. Тој е фудалер кој почнува се и може да одигра каде и да го ставите. Имеме феномен, за мене Елиф е важен играч и го гледам во тимот многу добро. Мое мислење е дека најдобро е да игра како офанзивен фудбалер за врска затоа што секогаш е поврзан со топката“, изјави Спалети.

Елмас претходно кај Гатузо не добиваше премногу прилика за игра, но овие зборови на Спалети се причина да веруваме дека работите можат да се променат во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Зовре“ атмосферата во Милан: Залудно „фрлија“ 55 милиони на засилувања, бараат нови двајца фудбалери

По испаѓањето од Купот од Лацио, Милан го изгуби и вториот трофеј сезонава, бидејќи беше п…