Дома Останати Со Mozzart во борба против насилство!

Со Mozzart во борба против насилство!

Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа, компанијата Mozzart, продолжува со
акциите ширум Македонија. Овој пат, се потпиша договор со Националната мрежа против
насилство врз жените и семејното насилство.

Се работи за договор кој е потпишан на шест месеци, а финансиските средства ќе бидат
наменети за непречено функционирање на Женскиот центар за поддршка – Скопје, кој е инаку
специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно
насилство. Женскиот центар за поддршка обезбедува услуги од социјална работничка,
психолог, правничка, кариерна советничка, како и помош за домување, и претставува прв
сервис од ваков тип, кој обезбедува сеопфатна помош и поддршка за жртвите и нивните деца.
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е формирана на 7
декември 2010 година од дваесет граѓански организации кои работат на полето на спречување
и борба против насилството врз жените и семејното насилство.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


„Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до Mozzart за поддршката која ја
обезбедија за советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно
насилство. Предизвиците да го осигураме работењето на центарот се многу големи, особено
поради недостатокот на финансиска поддршка од државата за ваков тип на сервиси кои се
раководени од граѓански организации. Вклучувањето на бизнис секторот е од клучна важност,
а Mozzart ја препозна важноста од постоење на овие сервиси и обезбедија директна
финансиска помош кога тоа ни беше најмногу потребно“ – изјави Елена Димушевска, извршна
директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Инаку, родово базираното и семејно насилство се општествен проблем кој е го има насекаде,
и во урбаните и во руралните средини, и во секое општество, и како таков остава многубројни
и долготрајни последици како по жената жртва, така и по нејзините деца. Насилството врз
жени се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество, а е резултат на
историски заснована нееднаква положба на жените и мажите, во која жените се во немоќна
или помалку моќна положба во однос на мажите.

Токму затоа одговорноста за намалување на ризиците од појава од насилството и заштита на
жените ја бараме кај локалните и националните власти кои треба да испратат јасна порака за
неприфатливоста на насилството и сериозна заложба за системски промени кои ќе водат до
соодветен, навремен и сеопфатен одговор кон проблемот.

Насилството врз жените и децата можеме да го спречиме ако не го игнорираме, туку го
пријавиме и им дадеме поддршка на жртвите да ја напуштат насилната средина.
Пријавувањето на насилството е првиот чекор!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално…