Дома Фудбал „Со Куман ја загубив желбата да тренирам“

„Со Куман ја загубив желбата да тренирам“

Роналд Куман пред неколку месеци ја напушти Барселона, но и понатаму е една д главните теми во шпанските медиуми.

Претседателот Жоан Лапорта реши да го отпушти Куман, а на негово место го ангажираше Чави Ернандез. Куман не го напушти тимот на најдобар начин, а многу фудбалери не го криеја задоволството затоа што Холанѓанецот доби отказ.

Меѓу нив е и младиот фудбалер Алекс Коладо, кој беше отпишан кај Куман по само неколку тренинзи.

Младиот фудбалер минатата сезона играше одлично за Барселона Б, по што беше приклучен во првиот тим, но Куман не му даде шанса.

„Можам да кажам дека со Куман ја загубив желбата за тренинзи. Тој воопшто не зборуваше со мене и не ми кажа каде треба да се поправам“, открива младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Јовиќ станува газда на клуб!

Напаѓачот на Реал Мадрид, кој не добива голема минутажа во екипата, Лука Јовиќ наскоро ќе …