Дома Фудбал Италија Со Иличиќ дефинитивно нешто се случува: Навивачите на Аталанта му испратија порака

Со Иличиќ дефинитивно нешто се случува: Навивачите на Аталанта му испратија порака

Словенскиот репрезентативец Јосип Иличиќ неколку дена наназад е една од по актуелните теми во Италија поради наводните проблеми.

Иличиќ претходно го напушти Бергамо и доби зелено светло од клубот да се врати во Љубљана. Првата верзија на италијанските медиуми е дека паднал во депресија затоа што ја затекнал сопругата со друг маж кога се вратил во станот. Сепак, набрзо неговата сопруга Тијана објави заедничка фотографија и ги демантираше таквите пишувања.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


После последниот натпревар со Интер многу играчи и членови на Аталанта му искажаа поддршка на Иличиќ позирајќи со неговиот дрес, а сега на него се потсетија и навивачите на клубот од северна Италија.

„Во ова ситуација сакаме да му кажеме на Иличиќ дека го сакаме. Бергамо е ваш дом. Кога и да посакате, со фудбалски копачки или без, дојдете заедно да испиеме пиво“, гласи пораката од навивачите на Аталанта.

Судејќи според се Иличиќ навистина има проблеми и приказната дека може да ја заврши кариерата не е само медиумска шпекулација. Аталанта сега ја чека натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите, а малку е веројатно дека Иличиќ ќе настапи на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го сака напаѓачот на Манчестер Јунајтед

Рубен Аморим одлучи Џошуа Зиркзе ќе добие нова шанса следната сезона, додека Расмус Хојлун…