Дома Фудбал Англија Сопственикот на Јунајтед: Ми се допаѓа Тен Хаг, но јас не одлучувам

Сопственикот на Јунајтед: Ми се допаѓа Тен Хаг, но јас не одлучувам

Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф вели дека Ерик тен Хаг е многу добар тренер, но истакна дека тој не одлучува за иднината на Холанѓанецот.

Британскиот милијардер доби директно прашање дали се уште има верба во Тен Хаг, кој ова лето го продолжи договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мислам дека не сакам да одговорам на прашањето. Можам само да речам дека ми се допаѓа Ерик. Мислам дека е многу добар тренер, но на крајот од денот јас не одлучувам за неговата иднина, тимот кој раководи со Манчестер Јунајтед ќе одлучи што е најдобро за клубот“.

„Нашата цел е да го вратиме Манчестер јунајтед на победнички патеки, на местото на кое припаѓа и јасно е дека се уште не сме таму, не чека уште многу работа“, истакна Ратклиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…