Дома Фудбал Англија Соопштение од полицијата: За авионот на Сала се истражуваат четири можни сценарија

Соопштение од полицијата: За авионот на Сала се истражуваат четири можни сценарија

Потрагата по авионот кој исчезна заедно со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и понатаму е во тек…

Полицијата констатно објавува детали за потрагата, а во нивната последна објава во 10:30 часот (9:30 по нивно време) откри четири можни сценарија кои се разгледуваат:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


1. Пристигнале на друго место и не стапиле во контакт

2. Слетале на вода и добиле помош од брод и не стапиле во контакт

3. Слетале и останале на вода

4. Авионот се распаднал при контакт со водата.

Ќе потсетиме авионот со контролата на летови контакт изгубил во 20:00 часот во понеделникот, а денес се појави и вест од „Л’Екип“ дека пилотот имал неуспешен обид да објави вонредна сосојба во 21:23 (понеделник).

Иако надежите се мали сепак овие сценарија кои ги објави полицијата, даваат мала надеж дека може да се случи чудо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси сака да потпише со врвен искусен централен бек за 26 милиони фунти овој месец

Челси наводно е заинтересиран да потпише со врвен и искусен централен бек за само 26 милио…