Дома Трансфер зона Солскјер плаќа богатство за младата ѕвезда од Бундеслигата

Солскјер плаќа богатство за младата ѕвезда од Бундеслигата

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.

Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.

20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Тој минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.

„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми Леверкузен бара 80 милиони фунти за неговиот потпис.

За Хаверц интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите тврдат дека Манчестер Јунајтед е спремен на лето да ја плати сумата од 80 милиони фунти.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо пром…